Загреб го изненади Сегед, пораз на Нант, Алборг ја доби драмата со Барса!

125

Во терминот од 18:45 часот се одиграа три меча од 11.коло во групата – Б во ракометната Лига на Шампиони. Значи продолжуваат возбудувањата во најквалитетната лига во Европа.

Се разбира дека изненадување на вечерта е победата на Загреб на гости кај Сегед со 26:27.

Ова беше само третиот триумф на тимот од Хрватска. Срна со 8 голови беше најефикасен во победничкиот тим, додека на спротивната страна Шоштариќ, инаку хрватски интернационалец, исто со 8 голови имаше добра партија.

Алборг ја доби драмата со Барселона и на крајот славеше со 36:35. Ова беше само втор пораз на каталонците и седми триумф на Алборг.

Арнолдсен со 9 голови блескаше кај победничкиот состав, додека кај Барса исто 9 голови запиша и Дика Мем.

И во третиот меч, Колстад на свој терен го победи Нант со 29:28.

ПретходноДејан Георгиевски со сребро на еден од најсилните турнири во светот!
СледноБриж со гол од пенал во судиското продолжение ја победи Аталанта!