ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО 30.269.369 ДЕНАРИ РЕНОВИРАШЕ 11 ИГРАЛИШТА ВО СКОПЈЕ

32

Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија со донација од 30.269.369 денари реконструираше 11 игралишта во Скопје и неговата околина.

Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, преку проектот „ИГРАЈ

СО НАЈДОБРИТЕ“, се фокусиравме на обезбедување инфраструктура за спортување. Придобивките ќе ги имаат првенствено најмладите, но и останатите граѓани.

Со донација од 30.269.369 денари во изминатиов период, во Скопје и околината, ставивме во функција, 11 игралишта. Од нив 6 се мултифункционални спортски игралишта на кои може да се игра ракомет, фудбал или кошарка, а 5 се инклузивни детски игралишта. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за

спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија

Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и

унапредување на животот на граѓаните.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобри

ПретходноМитревски: Ќе биде тешко во Лисабон, но ние на секој меч одиме на победа!
СледноЛШ: Селтик подготвен за Баерн, разнишаниот Феенорд домаќин на Милан