Вечерва се играат уште три меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. По првите 45 минути, Феенорд на свој терен има водство од 1:0 против Милан и тоа со голот на Игор Паиксао во 3.минута. Сепак треба да се каже дека за овој гол виновник е голманот на гостите Мањан, кој имаше катастрофална интервенција.
Со прекрасниот гол на Олисе, и тоа во 45.минута, Баерн на пауза замина со 0:1 среде Глазгов кај Селтик. Домашните уште во првите секунди ја затресоа мрежата на Ноер, но сепак тој гол беше поништен поради офсајд.
И во Монако, каде играат домашниот истоимен клуб и Бенфика резултатот по првото полувреме е 0:0.
No way Maignan conceded on his near post again 😭😭😭 pic.twitter.com/lGlBdOoPKh
— 👑🐉 Perisnitch 🌟🌟 (@snajaths) February 12, 2025