Митревски: Ќе биде тешко во Лисабон, но ние на секој меч одиме на победа!

114

Пелистер им се враќа на предизвиците во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак на паузата замина како шестопласирана екипа во групата А со шест бода, два повеќе од Висла Плоцк.

Ракометарите на Пелистер утре ќе се соочат со Спортинг на гостински терен, тим против кого на домашен терен одиграа нерешено. Никола Митревски, репрезентативниот голман во редовите на битолскиот тим добро го познава Спортинг, беше дел од Порто, па знае како е да се игра на нивниот терен.

„Спортинг е еден доста незгоден противник кој во последните години воден од браќата Коста игра доста добар ракомет и напаѓачки и дефанзивно. Ќе биде доста тешко да се игра на тој терен во Лисабон. Ние одиме на секој натпревар на победа, без разлика во која конкуренција. Ќе го дадеме својот максимум и се подготвуваме добро за натпреварот“, изјави Никола Митревски.

Дуелот меѓу Спортинг Лисабон и Пелистер се игра утре со почеток во 20:45 часо.

ПретходноБленди Љачка е нов играч на Фенербахче
СледноИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО 30.269.369 ДЕНАРИ РЕНОВИРАШЕ 11 ИГРАЛИШТА ВО СКОПЈЕ