Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Манчестер Сити со 3-2 на „Етихад“ во брилијантниот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите, со што стекнаа голема предност пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ следната недела.
И покрај тоа што постигна два гола, Ерлинг Халанд беше очигледно тажен поради конечниот резултат. Сепак, тоа не го спречи да побара дрес од една од ѕвездите на Реал.
Норвежанецот му пријде на Килијан Мбапе, но Французинот му рече дека ќе му го даде дресот во соблекувалната, што подоцна и го направи.
Според Дефенса централ, натпреварот поминал без проблем, иако Халанд бил видно тажен и лут поради резултатот, особено што се играл на домашен терен. И играчот на Сити и Мбапе имаа пријатен разговор, откако и двајцата беа стрелци на овој одличен дуел.
Навивачите на Реал Мадрид веднаш помислија дека дуото во иднина може заедно да го носат белиот дрес. Норвежанецот претходно беше на радарот на Реал, но Флорентино Перез секогаш беше посветен на Мбапе кој летово го донесе од Париз.
Неодамна, со обновувањето на договорот на Халанд со Сити до 2034 година – сосема невообичаен договор во фудбалот – беше јасно дека нема да го видиме во дресот на Реал Мадрид и дека кариерата целосно ќе ја посвети на англиските гиганти.
Инаку, шпанските портали пренесуваат дека покрај Мбапе, Халанд разговарал по мечот со Џуд Белингам, уште една млада и голема ѕвезда. Тој му порача на Белингам дека се ќе биде поинаку на реваншот во Мадрид.