Барса и Реал се „промашија“, ќе има ли „Ел Класико“ финале во Копа дел Реј?

184

Денеска беше извршена ждрепката за полуфиналните дуели во Копа дел Реј во Шпанија, а ако што можеше да се претпостави ќе имаме два супер-интересни дуели.

Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Барселона и Реал Сосиедад се изборија за место во последниот филтер до големото финале, па ждрепката сакаше во првото полуфинале да видиме супер-дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Последниот пат кога овиде два тима се сретнаа, гледавме голема драма. Атлетико ги освои сите три бода во Ла Лига со голот на Александар Сорлот.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Реал Сосиедад и Реал Мадрид, што значи дека се уште е отворена можноста да гледаме „Ел Класико“ финале.

Полуфиналните натпревари се играат во два меча (дома-гости). Барселона и Реал Сосиедад ќе бидат домаќини на првите пресметки.

ПретходноБелингам: Сити секогаш е незгоден! Заслуживме да победиме!
СледноГевгелија подготвена за почетокот на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“