Брера го претстави Травали

40

Она што „СпортСпорт“ го најави, денеска добива и потврда. Во пресрет на пролетниот дел од првенството, Брера Струмица ќе биде посилна за 23-годишниот играч за врска, Фодеј Травали.

Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Гамбија, кој последниве пет години е дел од европската фудбалска сцена. Во Струмица допатува како слободен играч откако во есенскиот дел беше дел од екипата на Четникаја во Кипар.

Травали  претходно играше во Бејкож Анадолу во Турција. Две сезони беше во Паиде и Калев во Естонија, а своето европскоо деби го имаше во младинскиот состав на Велје од  Данска.

ПретходноЛШ: Селтик подготвен за Баерн, разнишаниот Феенорд домаќин на Милан
СледноИнтервју со Еди Шерифовски: ЕМОФ ми ја отвори вратата кон светот на големиот спорт