Утре во Гевгелија стартува традиционалниот Куп турнир во домашниот кошаркарски шампионат. На ваков начин Македонија со години го доделува Куп трофејот, а овојпат во четвртфиналето се среќаваат вечните ривали, Работнички и МЗТ Скопје. Како предигра за утрешниот дуел кој стартува во 20:30, екипата на МЗТ Скопје излезе со соопштение во кое демантира некакви си шпекулации и во најмала рака кажано, „чаршиски муабети“.
Не би должеле премногу туку соопштението ќе ви го пренесеме во целост, па кој како сака од читателите нека го протолкува за што точно станува збор.