Георгиевски ќе се бори за злато на Г2 турнирот во Анталија!

56

Македонскиот сребрен олимпиец, Дејан Георгиевски ќе се бори за златото на силниот Меѓународен таеквондо турнир „Турција опен Г2“ во Анталија.

Георгиевски со три фуриозни победи стигна до финалната борба, каде за противник ќе го има Узбекистанецот Мавлонов.

Претходно на патот до финалето, нашиот медалист ги победи Сариоглу од Турција, Каримбоев од Узбекистан и Бадријалијабди од Азербејџан.

„Сребро и сериозни поени од Г2 се обезбедени за следните олимписки игри, одиме на злато!“, напиша Дарко Костовски, првиот човек на македонското таеквондо.

ПретходноАрсенал го загуби Хаверц до крајот на сезоната
СледноИма нов договор: Левандовски останува во Барса уште една сезона