Дејан Георгиевски со сребро на еден од најсилните турнири во светот!

45

Нашиот најдобар спортист Дејан Георгиевски брилијантно ја започна новата сезона. Дејан обезбеди значителни поени за олимписка норма со три фуриозни победи над ререзентативци на Турција, Узбекистан и полуфинале против еден од најдобрите таеквондости во светот Хамидреза Бадријалијабади репрезентативец на Азербејџан.

Во финалето тесен пораз од репрезентативецот на Узбекистан Мавловов Марат со 2:1.

Турција ОПЕН Г2 годинава се одржува во Анталија, присутна е цела олимписка таеквондо елита. Традиционално овој турнир значи за еден од најсилните во Светот.

Дејан е нашиот единствен домашен олимписки медалист од како Македонија е самостојна држава, тој сеуште е во самиот крем на олимпискиот спорт таеквондо. Дејан е единствен пример кој служи за поттик на сите останати македонски спортисти.

Да го поздравиме првиот настап во Сениори и на Филип Блажевски од ТКД Бутел, тој започна со победа над домаќин од Турција но загуби во второто коло.

За жал Милијана Релиќ не успееа да ја помине вагата, посакуваме успех понатака.

Нашите репрезентативци на Турција Опен беа предводени од помошник селекторот Стефан Костовски.

ПретходноМимовиќ на крајот заврши во Зенит
СледноЗагреб го изненади Сегед, пораз на Нант, Алборг ја доби драмата со Барса!