Кевин Дурент стана осмиот играч во НБА-лига со над 30.000 поени (ВИДЕО)

85
Фото: Феникс Санс/Твитер

Кевин Дурент стана осмиот играч во историјата кој постигнал 30.000 поени во НБА-лигата. До оваа бројка дојде од линијата за слободни фрлања во поразот на Феникс Санс од Мемфис Гризлис (119:112). Тој дуелот го заврши со 34 поени и сега е на 30.007 во кариерата.

Најдобар стрелец во историјата на НБА е Леброн Џејмс со 41.623 поени, а неговиот скор ќе продолжи да расте уште некое време и да ја зголемува разликата во однос на второпласираните Карим Абдул-Џабар (38.387) и Карл Мелоун (36.928). За да го достигне барем Мелоун, 36-годишниот Дурент би требало да има просек од 30 поени во следните три сезони и да не пропушти ниту еден натпревар поради повреди.

Дурент оваа сезона има просек од 26,9 поени, нешто под просекот во кариерата од 27,2, но веќе пропушти 14 натпревари поради повреди. Во синоќешниот пораз од Мемфис, тој постигна 34, но неговите соиграчи не го следеа вториот најдобар играч на Санс беше Бол Бол со 18 поени и 14 скока. Гризлис со 26 поени ги предводеше Џа Морант, кој по натпреварот му подари топка за спомен на Дурент.

Овој пораз ги остави Санс на 11. место на Западот со резултат 26-27, а ги чека тешка борба за пласман во плеј-офот во преостанатите два месеци од сезоната, барем преку плеј-ин. Мемфис е втор на Западот со 36-17.

Резултати:
Филаделфија – Торонто 103:106
Индијана – Њујорк 115:128
Чикаго – Детроит 92:132
Феникс – Мемфис 112:119

ПретходноИ богатите плачат: Она кога Јокиќ не можел да извади пари од банкомат, картичката му била проблем!
СледноГвардиола: Ја превземам одговорноста иако не е само до мене!