Лејкерси донесоа украински центар

73

Откако пропадна нивниот трејд за Марк Вилијамс, Лос Анџелес Лејкерс побараа нов центар на пазарот на слободни агенти и го најдоа во 31-годишниот Украинец, висок 213 сантиметри, Алекс Лен.

Алекс Лен изминатите три и пол години ги мина во Сакраменто Кингс како трет центар, а оваа сезона на 36 настапи постигна 1,4 поени и 1,8 скока за седум минути игра. На последниот ден од рокот за трејд, „кралевите“ го пратија во Вашингтон Визардс, кои му го раскинаа договорот и му дозволија да потпише за нов клуб за минимална плата.

НБА кариерата на Лен траеше 12 сезони, поминати во Феникс, Атланта, Сакраменто, Торонто и Вашингтон, пред да се врати во Кингс во летото 2021 година. На 680 натпревари тој има просек од 6,7 поени и 5,3 скока.

Иако не е големо име, Лен ќе им биде корисен на Лејкерси до крајот на сезоната, откако го загубија својот стартен центар Ентони Дејвис во шокантниот трејд за Лука Дончиќ. Ова целосно ја разоткри нивната претходно тенка ротација под кошевите и тие не можеа да ја закрпат дупката со внесување на Марк Вилијамс од Шарлот, како што се надеваа.

ПретходноГевгелија подготвена за почетокот на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“
СледноЈанта Волеј КВ и Работнички без проблеми до четвртфинале во Купот на ОФМ