ЛШ плеј-оф: Баерн победнички во Глазгов, Милан со минимален пораз, Бенфика триумфално во Монако!

38

Вечерва се одиграа последните три први меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. Можеби немаше класично дерби како синоќа меѓу Сити и Реал, но сепак беше интересно и возбудливо, посебно во Глазгов каде Баерн Минхен со 1:2 славеше на гости кај Селтик. Домашните имаа повеќе шанси, но сепак фантастичен на голот на “баварците“ беше Мануел Ноер.

Германскиот гигант поведе со голот на Олисе во 45.минута, за да Хари Кејн во 49.минута зголеми на 0:2. И така беше се до 79.минута кога Маеда ги постави конечните 1:2 на овој натпревар. Познато е дека реваншот се игра во вторник во Минхен.

Феенорд со раниот гол на Игор Паиксао уште во 3.минута, успеа на свој терен да го победи Милан со 1:0. Се разбира дека уште ништо не е готово ако се знае дека реваншот се игра на “Сан Сиро“, но сепак тимот од Холандија има предност од еден гол.

Бенфика е многу блиску до пласман во 1/8 финалето ако се знае дека вечерва на гости кај Монако успеа да дојде до победа од 0:1 со голот на Павлидис во 48.минута. Домашните од 52.минута играа со играч помалку по исклучувањето на Ал Мусарати.

ПретходноЛудило: Гол за реми во 90+8.минута, инциденти по мечот на последното “Мерсисајд“ дерби на “Гудисон“! (ВИДЕО)