Мимовиќ на крајот заврши во Зенит

106

Со трансферот од Црвена Звезда во Фенербахче зимава, Огњен Мимовиќ еден од најперспективните млади фудбалери во Србија не ни претпоставуваше дека на крајот ќе заврши во Русија. И тоа на позајмица во тимот на Зенит.

Веднаш по потписот со Фенер, стана јасно дека Мимовиќ нема да може да биде веднаш сврстен во тимот поради огромниот број на странци во моментов во тимот, па се бараше решение.

Истото се најде во Зенит, каде што Мимовиќ ќе остане до лето.

 

ПретходноТиаго Мота: Ова е чекор во вистинската насока, но имаме уште работа
СледноДејан Георгиевски со сребро на еден од најсилните турнири во светот!