Ненад Димитријевиќ уште еднаш покажа дека е во фантастична форма и дека е еден од најдобрите кошаркари на Олимпија Милано. На дуелот од 1/4 финалето во Купот на Италија против Виртус, “манекените“ победија со 91:77 и се пласираа во следната фаза на ова натпреварување.
Сепак за нас поважно е тоа што македонскиот репрезентативец забележа 14 поени, еден скок и три асистенции.
Нема што Нено покажува дека е мајстор на кошаркарската игра. Секоја чест и браво за нашиот кошаркар.