Екипата на Јувентус синоќа со 2:1 обезбеди победа во првиот меч од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите против тимот на ПСВ. Меккини погоди за водство, противникот израмни, а Јуве дојде до победата со голот на Мбангула во 82. минута.
Тренерот на Јуве, Тиаго Мота по мечот беше задоволен од она што го виде, а и со исходот секако но нагласи дека тимот има уште многу за работа и за напредување.
„Многу работи се сменија, вклучително и важноста на овој натпревар. Овде битката е 180 минути, а не само еден натпревар. Оваа победа е чекор во вистинската насока, но мораме да дадеме се од себе во реваншот бидејќи ќе играме против тим кој сака да напаѓа, притиска и да игра добар фудбал. Сепак, ќе бидеме подготвени да ја постигнеме нашата цел, а тоа е да се пласираме понатаму во Лигата на шампионите“, рече Мота.
„Ова беше изедначен натпревар, но сепак, одлучувачки беше нашиот потег да се префрлиме целосно во шеснаесетникот на ПСВ. Работиме на тоа и треба повеќе да го напаѓаме противничкиот шеснаесетник бидејќи често напаѓачите немаат доволно поддршка во овие ситуации. Вечерва работевме малку подобро, но секој ден зборуваме за тоа дека кога одиме со повеќе луѓе во нападот, имаме подобри шанси да постигнеме победа“, додаде Бразилецот.