По малку неверојатно но вистинито. На денешната машка комбинација на Светското првенство во Залбах, трите медали ги освоија тимовите од Швајцарија. Така се поставени нештата во оваа дисциплина, да секоја држава има по неколку тимови составени од двајца скијачи, во двете дисциплини по еден.
Па така, Швајцарија се закити со сите три медали, односно трите тима на оваа земја, освоија по еден медал.
Златниот им припадна на Фрањо Фон Алмен, и Лоик Мелард. Додека на втората позиција се пласираа Алексис Моне и Танги Неф. Бронзата им припадна на Стефан Рогентин и Марк Рока.