Македонската фудбалска репрезентативка, Јована Павловска, ја продолжува кариерата во Легија, клуб од Полска. Таа во нашата лига беше дел од екипите на Атлетико од Битола, Цевитана Прилеп, Брера Струмица а последните шест месеци беше дел од тимот на АД Јунајтед од Струга.
Секако дека ова е голем предизвик за една од најталентираните наши фудбалерки кои досега има настапувано за сите младински селекции, а сега има повици и во нашта А селекција.
Може да игра на повеќе позиции во тимот.