Германскиот напаѓач во дресот на Арсенал, Каи Хаверц предвреме ја заврши оваа сезона. Како што објавија од Арсенач напаѓачот има повреда на тетивата и за него оваа сезона е веќе завршена.
Според „Атлетик“, германскиот фудбалер се уште размислува дали да замине на операција. Има неколку варијанти за опоравување, но сите исклучуваат можност да се врати на терените пред крајот на сезоната.
Оваа сезона Хаверц одигра 34 натпревари за „топчиите“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 голови и 5 асистенции.