Бленди Љачка е нов играч на Фенербахче

656

Големиот талент на македонскиот фудбал, момчето родено 2009 година кое во моментов е дел од ФФМ Академијата, Бленди Љачка е нов член на турскиот гигант Фенербахче.

„Бомбата“ која што одекна денеска претставува голем, огромен чекор во кариерата на младиот фудбалер, кој што заминува во Истанбул остварувајќи ги своите соништа.

Љачка повеќе време беше следен од страна на одговорните луѓе во Фенербахче, кои имаат задача да „ловат“ таленти насекаде, особено на Балканот, а Љачка е еден од најголемите во моментов.

Роден е во Струга, а под палката на одгоровните лига во ФФМ Академијата во последните две години се разви во еден од најквалитетните млади играчи кај нас.

Член е на У16 репрезентацијата на Македонија, која што во моментов е под водство на селекторот Драган Начевски.

ПретходноПандев: Елмас направи вистински потег!
СледноМитревски: Ќе биде тешко во Лисабон, но ние на секој меч одиме на победа!