Гевгелија подготвена за почетокот на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

97

Со прес-конференција одржана во конгресниот центар при хотелот и казино „Аполонија“ во Гевгелија денеска организаторот на завршните турнири од државниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ за 2025 година, екипа на КК Кожув најави што ја очекува кошаркарската јавност во деновите што следат.

Осумте екипи учеснички во машка, односно четири екипи учеснички во женска конкуренција, на денешната прес-конференција ги искажаа своите ставови и очекувања за претстојните натпревари.

Спортскиот директор на КФСМ, Марјан Србиноски, го предаде трофејот во трајна вредност на КК МЗТ Скопје Аеродром, ланскиот освојувач. За нив дванаесетти во клупските витрини.

Сите екипи повикаа на фер-плеј игра и неизвесни натпревари до последниот свиреж на судиите.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (четврток): 

13.00 ТФТ – Гостивар

15.30 Пелистер – Чаир

18.00 Куманово – Кожув

20.30 МЗТ Скопје – Работнички

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат во петок, додека финалето е на програмата в сабота.

ПретходноБарса и Реал се „промашија“, ќе има ли „Ел Класико“ финале во Копа дел Реј?
СледноЛејкерси донесоа украински центар