Иако Светско првенство е зад нас, сепак се уште се собираат импресиите од истото. ИХФ на своите официјални социјални мрежи, потсетува на најдобрите моменти од Мундијалот.
На ред дојде листата на најдобри пет стрелци, а во неа е капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски. Тој на шест меча постигна 49 гола. Пред него се ракометари чии репрезентации играа до самиот крај. Кузмановски до стартот на 1/4 финалето беше лидер во оваа категорија. Најдобар стрелец е Матијас Гидсел со 74 гола.
За Кузмановски, ИХФ одбра специјална акција од дуелот меѓу Македонија и Франција, последен од главната рунда. Станува збор за цепелинот, кој во креација на Мартин Серафимов, а во реализација на Кузмановски.
View this post on Instagram