ЛШ: Селтик подготвен за Баерн, разнишаниот Феенорд домаќин на Милан

43

По вчерашните први четири пресметки, вечерва следува второто полувреме од плеј-оф рундата во Лигата на шампионите и битката за пласман во осминафиналето. Меѓу четирите дуели, се издвојува пресметката на „Селтик Парк“ меѓу Селтик и Баерн Минхен. Бундеслигашот оди на гости во Шкотска како фаворит, но тоа мора да го потврди вечерва во овие 90 минути, ако сака да го мине првиот филтер од елиминациите.

Баерн загуби трипати на гости во ова натпреварување, а досега не се случило Баварците да загубат четири гостувања во една европска сезона.

Милан кој оваа сезона во Европа игра прилично променливо, вечерва гостува кај еден од тимовите кои направија едно големо изненадување во лигашката фаза, победувајќи го Баерн (М). Холандски Феенорд со многу играчки проблеми и со шокантна тренерска смена на само два дена пред дуелот со „росонерите“ го дочекува вечерашниот дуел. Вечерва се очекува ротердамскиот состав да биде предводен од Паскал Бошарт.

Првиот меч вечерва ќе го доиграат Бриж и Аталанта. Гостите ја имаат улогата на фаворит во двомечот, особено ако се знае дека Бриж има очајна статистика против италијанските тимови. Белгијците не победиле на ниту еден од последните 9 домашни мечеви против италијански тим. Последната победа датира од далечната 1978 година.

Последниот натпревар од вечерашната програма е во кнежевството, каде Монако ја пречекува Бенфика. Двата тима играа во петтото коло од групната фаза, кога португалскиот тим победи со 3:2 и покрај тоа што губеше до 84. минута. Победникот од оваа двојка ќе има многу тежок противник во 1/8 финалето каде ќе се сретне со Барселона или Ливерпул.

ПретходноИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО 30.269.369 ДЕНАРИ РЕНОВИРАШЕ 11 ИГРАЛИШТА ВО СКОПЈЕ
СледноБрера го претстави Травали