Пандев: Елмас направи вистински потег!

209

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас по неуспешната епизода во Бундес-лига, поточно во дресот на Лајпциг се врати во Серија А. Во продолжение на сезоната ќе игра во тимот на Торино.

Италијанскиот шампионат е местото каде Елмас мина голем дел од неговата досегашна кариера. Во периодот од 2019 до 2024 беше дел од Наполи, по што замина во Лајпциг, откако не успеа да се наметне донесе вистинска одлука, да се врати во Серија А. Оваа одлука ја поддржа и најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, кој сега ја има улогата на директор на сите репрезентации.

„Елмас направи правилен потег што се врати во Италија. Мислам дека се чувствува подобро во Серија А, отколку во Бундеслигата“, рече Пандев.

Елмас својата шанса да дебитира ќе ја има овој викенд против Болоња, откако против Џенова беше на клупата за резерви.

ПретходноИХФ потсети на петте најдобри стрелци на СП: За Кузмановски го одбра цепелинот против Франицја (ВИДЕО)
СледноБленди Љачка е нов играч на Фенербахче