Полноќна промоција: Сириец со германски пасош во дресот на Гостивар! (ВИДЕО)

169

Некој очигледно дека не сака да научи кога се прават промоции и оди директно на своја штета. Така и луѓето во Гостивар кои како да чекаат сите да заспијат па да промовираат ново име.

Ете, нова полноќна промоција на Гостивар и тоа со Сириец со германски пасош. Неговото име е Аиас Аосман (30), играч за врска.

Аосман во својата карера играл за екипите на Динамо Дрезден, Адана Демирспор, Тузласпор,Јоникос, Херманштад, Генчлебирлиги и други.

Има и 15 настапи за репрезентацијата на Сирија.

Според она што го вели Трансфермаркт станува збор за искусен и квалитетен играч, барем некогаш тоа бил. Ако успее да се снајде во Гостивар и во ПМФЛ ќе биде големо засилување.

ПретходноДон Карло: Мирен сум и среќен, ја заслуживме победата! А еве што прави Пеп на клупата! (ВИДЕО)