На официјална покана на претседателот на УЕФА, Анександар Чеферин, денека во посета на европската куќа на фудбалот е претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, господинот Масар Омерагиќ. Во негова придружба е и в.д. Генералниот секретар на Федерацијата, Дрилон Ганиу. На официјалната посета Омерагиќ покрај средбата со Чеферин, обави и средба и со останатите негови блиски соработиници предводени од Зоран Лаковиќ.
„Имавме прекрасен состанок и срдечен пречек од првиот човек на европскиот фудбал и еден од неговите најблиски соработници, Зоран Лаковиќ. Споделивме многу корисни и вредни информации за состојбата во нашиот фудбал и отворено разговаравме за клучните теми” – изјави претседателот на ФФМ, Омерагиќ па додаде.
“Постои почит и огромна желба меѓу нас да ги најдеме најдобрите решенија за одредени предизвици со кои се соочуваме, за да продолжиме да го развиваме фудбалот на најдобар можен начин. Тоа првенствено се однесува на УЕФА инвестициските фондови и реформите во нашиот фудбал кои ни следуваат. Мора да дејствуваме веднаш за да избегнеме несакани работи и да тргнеме во позитивен тренд и нови успеси” – рече првиот човек на мак фудбалот.