Словенечкиот кошаркарски гениј Лука Дончиќ не можеше многу да направи за да ги спречи неговите Лејкерси да не загубат од Јута, но на моменти го покажа својот кошаркарски „IQ“.
На почетокот на мечот ја прими топката, влезе во рекетот и со еден потег измами тројца противнички играчи. Го „исфрли’ чуварот од себе, а потоа наместо да шутне, реши да искористи дополнителен потег за практично сите да ги збуни – освен соиграчот Руи Хачимура. Тој остана во аголот и беше подготвен да ја прими топката од Дончиќ и таа додавање за три поени да ја претвори во асистенција.
Дончиќ со овој потег успеа да го внесе во ритам Хачимура, најдобриот стрелец на Лејкерси на овој натпревар со 19 поени (3/5 за три), но не успеа да се натера себеси и остатокот од тимот да одиграат доволно добро за неговите соиграчи вторпат сезонава да го победат истиот ривал. Јута ја прекина серијата на Лејкерси од шест последователни победи пред паузата за Ол Стар.
THIS LUKA DIME WAS TOUGH 🔥 pic.twitter.com/TyZdKdCPaW
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 13, 2025