Куп на Македонија: Гостивар е првиот полуфиналист! (ФОТО)

124

Денеска во Гевгелија стартуваше завршницата од Купот на Македонија “Благоја Георгиевски – Буштур“. Во првото 1/4 финале, екипата на Гостивар со 72:62 славеше против ТФТ.

Интересен меч, во кој на крајот сепак гостиварци заслужено победија и се пласираа во следната рунда.

Уште на стартот се виде дека ова ќе биде израмнет дуел, па така првата четвртина заврши 18:17 за ТФТ. Борбеноста не недостасуваше, и ТФТ и Гостивар ја сакаа победата, па некогаш во таа желба имаше и грешки посебно во нападот. Во втората четвртина беше поизрамнето за 15:15 па така на пауза се замина само со +1 поен за тимот на ТФТ.

Затоа во “второто полувреме“, поточно во тој трет период, Гостивар како ја смени брзината што се вели и успеа да дојде +8 поени предност. Гостиварци во тие моменти ги диктираа настаните на теренот. Во тој момент се чинеше дека Гостивар е блиску до победата, сепак имаше да се игра уште една цела четвртина, онаа последната.

А во неа ТФТ се врати во игра, и тоа како се врати. Имено на 6.23 минути до крајот дојде само на -4 поени.

Но Гостиварци како да беа поснаодливи, знаеја што треба да прават и одново дојдоа на пристоја разлика од +9 поени. Сепак ТФТ направи серија од 6-0 за -3 поени разлика.

Но во последните две минути, во самата завршница, кошаркарите на Гостивар беа поумешни и заслужено дојдоа до победата.

Што се однесува до поентерите, најефикасен кај Гостивар беше Грушановиќ со 15 поени, додека кај ТФТ и најефикасен на мечот беше Говенс со 19 поени.

Па така Гостивар во полуфиналето утре се среќава со подобриот од дуелот меѓу Кожув и Куманово кој се игра денеска од 18 часот.

May be an image of 7 people, people playing basketball and text

 

May be an image of 4 people, people playing basketball and text

May be an image of 4 people, people playing basketball and text

ПретходноТренерот на Ливерпул доби суспензија од два меча! (ВИДЕО)
СледноДон Флорентино е чудо, мина само неколку часови во Манчестер и веднаш договори мега – трансфер!