Бесарт Ибраими: Да го дадеме најдоброто од себе и на крајот да бидеме шампиони!

92

Во недела со мечевите од 19.коло стартува пролетниот дел од тековната сезона во ПМФЛ. Бесарт Ибраими, рекордерот со 210 голови во историјата на нашата елитна лига за клупскиот сајт на Шкендија, даде свој коментар за тоа како и дали екипата е подготвена, за првиот меч со Вардар и секако за тоа какви се шансите неговиот тим да дојде до петтата титула:

Атмосферата е многу добра, верувам дека тимот е максимално подготвен. Нема потреба од грижа поради резултатите од подготвителните мечеви. Во пресрет на стартот на пролетниот дел би ги замолил сите оние кои ја поддржуваат Шкендија да продолжат да го прават тоа со цел полесно да дојдеме до целта. Верувам дека сите заедно ќе успееме во тоа“ посочи Ибраими и продолжи..

Лично јас сум подготвен, со нетрпение го чекам стартот на пролетниот дел. Не очекува меч со Вардар. Тоа ќе се биде еден од оние 15 кои ќе ги имаме во оваа полусезона. Со победа ќе ја подигнеме нашата самодоверба. За нас секој меч е важен, секој меч мора да се добие. Треба да го дадеме најдоброто од себе и на крајот да бидеме шампиони, тоа е крајната цел на сите нас во Шкендија“ рече покрај другото “бомбардерот“ на тетовскиот тим.

Што се однесува до битката за титулата, во пролетниот дел табелата изгледа вака: Силекс 37 бодови, Шкендија 37, Работнички 37, Гостивар 35, Струга ТЛ 32.

Во секоја случај ќе биде супер интересно.

ПретходноКуп на Македонија: Може ли Гевгелија да се случи чудо?
СледноМанчестер Јунајтед планира да отпушти уште 100-200 вработени!