Брињоне го грабна златото во велеслалом на СП

41

Италијанката Федерика Брињоне го освои златниот медал во велеслалом на Светското првенство во Залбах. Денеска во интересна битка за светскиот трон, Брињоне стигна до победа во својата најдобра сезона во кариерата, откако води и во генералниот пласман на Светскиот куп.

Брињоне ја освои титулата на доминантен начин, имајќи најдобро време и во првото и во второто возење, оставајќи ја сребрената 23-годишна Новозеланѓанка Алис Робинсон зад себе за 90 стотинки, додека 30-годишната Американка Пола Молцан освои бронза со заостанување од 2,62 секунди.

Робинсон на тој начин испиша историја освојувајќи го првиот медал за Нов Зеланд на Светските првенства во алпско скијање.

ПретходноНајспектакуларната трка во Ф1 го губи идентитетот! (ВИДЕО)
СледноИграше и со Меси и со Роналдо, конечно проговори кој е најдобар на сите времиња!