Докузовски: Некој сакаше ова да се случи, кошарката вака нема да оди напред

794

Куманово не успеа да дојде до две победи по ред против Кожув. Иако во шампионатот избраниците на Марин Докузвоски лесно ги победија гевгеличани, сепак во четвртфиналето на Купот на Македонија беше поразен со 69-81.

Искусниот стратег на клупата на Куманово имаше забелешки, бидејќи тој под обрачите остана без Урош Луковиќ, кој заработи четири лични грешки рано во мечот. Според него ова е сомнително сценарио.

„Некој сакаше ова да се случи вака ама кошарката нема да оди напред на овој начин. На Луковиќ му беше досуден непостоечки фаул, а потоа заработи и техничка грешка. Без него тимот е поинаков, немам голем ростер за да правам ротации.

Им честитам на Кожув за победата, им честитам и на моите кошаркари за борбата“, рече Докузовски по мечот, кој рече дека мора да се најде начин да се врати публиката на трибините, но затоа ќе треба да придонесат сите.

ПретходноКуп на Македонија: Кожув закажа полуфинале со Гостивар
СледноМекларен прв го покажа новиот болид (ФОТО)