Дон Флорентино е чудо, мина само неколку часови во Манчестер и веднаш договори мега – трансфер!

924

Сега веќе е јасно. Во летниот преоден рок на “Сантијаго Бернабеу“ ќе има нова промоција на уште една мега – ѕвезда. Тоа е Трент Александер – Арнолд, десниот офанзивен бек на Ливерпул и репрезентацијата на Англија.

Имено луѓе блиски од Реал Мадрид и Флорентино Перез, лиферуваат информации во кои се вели дека на првиот човек на “кралевите“ доволно му биле да мине само неколку часови во вторникот во Манчестер како би договорил овој трансфер. Покрај следењето на дуелот во ЛШ со Сити, Дон Флорентино имал разговори и менаџерите на Трент, кои завршиле без проблем и на задоволство на двете страни.

Јасно е дека Перез ќе биде задоволен ако се знае тој за овој трансфер нема да му даде ни евро на Ливерпул со оглед на тоа дека Трент доаѓа во Мадрид како слободен играч, останува само да се договорат некои ситни детали околу личните услови на самиот играч.

ПретходноКуп на Македонија: Гостивар е првиот полуфиналист! (ФОТО)
СледноСлот со потег што никој го нема направено во последните 132 години!