Анхел Ди Мариа е еден од најдобрите аргентински играчи во последнитте 15 години. Важи за голем професионалец и голем работник на кого успехот на тимот или репрезентацијата му е во преден план.
Има играно и со Кристијано Роналдо, но исто така има играно и со Лео Меси, па токму затоа Ди Мариа е доста меродавен да каже кој е подобар, кој е најдобар во историјата.
„На негова жалост Кристијано Роналдо е роден во погрешно време, имено се знае дека во оваа генерација на фдубалери кој е нај, нај. Лео Меси е фудбалер од некоја друга планета. И не само што тој е најдобар во изминатите две децении туку е најдобар и во историјата. Ако ги земеме бројките за Лео и Кристијано тие се егзактни. Првиот има осум “Златни топки“, вториот пет. Првиот има и трофеј на СП, вториот нема, а Лео има и два пехари од Копа Америка а Роналдо само еден од ЕП. Да скратам. Лео е најдобар во историјата и тоа без дилеми, од друга страна на сите ни е јасно дека Кристијано е еден од најдобрите во историјата“ заврши Ди Мариа.