Фудбалерите на Јагиелонија во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов остварија голема побед ан агостувањето кај ТСЦ Бачка Топола во Србија од 1:3 со која со една нога зачекоруваат кон осминафиналето во Конференциската лига на УЕФА. Полскиот состав во чии редови Чурлинов беше стартер и одигра 70 минути, беше далеку подобар противник и сосема заслужено однесе голема победа.
Меч со четири гола се одигра во Словенија, каде Целје против Апоел одигра само 2:2, додека екипата на Викингур приреди уште едно изненадување, овој пат обезбедувајќи победа над Панатинаикос од 2:1.
Молде беше изненаден на домашен терен и поразен од ирски Шемрок Роверс со 0:1.
УЕФА Конференциска лига – 1/16-финале: (први средби)
ТСЦ (Србија) – Јагелонија (Полска) 1:3
Викингур Р. (Исланд) – Панатинаикос (Грција) 2:1
Молде (Норвешка) – Шамрок Роверс (Ирска) 0:1
Целје (Словенија) – АПОЕЛ (Кипар) 2:2