Куп на Македонија: Кожув закажа полуфинале со Гостивар

65

Екипата на Кожув е третиот патник во полуфиналето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, откако го совлада Куманово со 69-81. Гевгеличани за пласман во финалето ќе играат против Гостивар, мечот се игра утре со почеток во 20:30 часот.

Стевановиќ со 23 поени беше лидер кај победникот, Вилсон запиша 18. На другата страна Радукиќ имаше 20 поени.

МКК Куманово за кого ова е прво учество во Купот на Македонија, поведе со со 6-0, но на другата страна следеше одговор од Кожув, со серија од 14-0 поведе со 6-14 и го наметна своето темпо. Првата четвртина гевгеличани ја добија со 17-21, додека во следниот период беа подобри со 12-21 за 29-42 на одморот.

Гевгеличани во третата четвртина влегоа уште посилно, отворија со 13-4 и поведоа со 33-55. Ова беше доволно за да влезат во ритам и полека да чекорат кон победата. На пет минути до крајот на мечот, Куманово успеа да намали на 62-73, но не и да приреди драма. Избраниците на Марин Докузовски имаа шанса за тоа.

Последниот патник во полуфиналето ќе до дознаеме вечерва, а за таму силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје и Работнички, мечот стартува во 20:30 часот. Подобриот ќе игра против Пелистер.

ПретходноПеп вели дека не бил доволно добар, а допрва го чека ПЕКОЛ!
СледноДокузовски: Некој сакаше ова да се случи, кошарката вака нема да оди напред