Куп на Македонија: Пелистер на мускули преку Чаир до полуфиналето!

49

Екипата на Пелистер е втор полуфиналист во Купот на Македонија “Благоја Георгиевски – Буштур“. Битолчани славеа во второто четвртфинале попладнево во Гевгелија со 76:72 против Чаир.

Треба да се каже дека оваа победа на фаворитот беше извојувано буквално на мускули што се вели.

Малку недостигаше Чаир да го шокира тимот на тренерот Трајковиќ.

Пелистер подобро го отвори овој натпревар. Како да сакаше да им стави до знаење на чаирчани дека нема што бараат на оваа средба. Првата четвртина битолчани ја добија со 25:20. Релативнио лесно и рутински.

Во вториот период Чаир покажа дека нема така лесно да се предаде, па така во оваа четвртина одигра далеку подобро и успеа да ја заврши со резултатски егал од 16:16, па на пауза се замина со +5 за Пелистер.

Во продолжение од средбата чаирчани никако не се откажуваа, а на 8.23 минути до крајот дојдоа и до првото израмнување.

На сите им стана јасно дека ќе следува неизвесна завршница на овој четвртфинален меч.

На три минути до крајот резултатот беше егал, 69:69.

Во самиот финиш на средбата Пелистер успеа сепак да победи со конечни 76:72.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Мишковиќ со 23 поени, додека кај поразениот состав Мофит и Кели забележаа по 24 поени.

Во полуфиналето Пелистер ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу МЗТ Скопје и Работнички.

ПретходноШпанските медиуми: Има еден играч на Реал со кого Лука Модриќ веќе не комуницира!
СледноНајспектакуларната трка во Ф1 го губи идентитетот! (ВИДЕО)