ЛЕ: Галатасарај потопен во Холандија, Порто и Рома одиграа нерешено

153

Лидерот во турскиот шампионат, Галатасарај, доживеа дебакл на гостувањето во Холандија во првиот меч од 1/16-финалето во Лигата на Европа против екипата на АЗ Алкмар. Галата загуби со 4:1 и дојде во ситуација да мора да оди на голема победа на реваншот, ако сака да се види меѓу осминафиналистите во ова европско натпреварување.

Холанѓаните одиграа одличен меч и во првото полувреме веќе имаа предност од 2:1. На стартот на второто полувреме гостите останаа со играч помалку поради црвениот картон на Ајхан, што резултираше со уште два гола во гостинската мрежа за конечни 4:1.

Порто и Рома одиграа 1:1 и оставија реваншот во Рим да одлучи кој од овие два тима ќе оди воосминафиналето. ПАОК беше изненадувачки поразен дома од ФЦСБ со 1:2, додека Твенте со гол од пенал во последните секунди од мечот славече против Бодо со 2:1.

УЕФА Лига Европа – 1/16 финале

Порто (Португалија) – Рома (Италија)  1:1
АЗ Алкмар (Холандија) – Галатасарај (Турција)  4:1
ПАОК (Грција) – Стеауа (Романија)  1:2
Твенте (Холандија) – Бодо-Глимт (Норвешка)  2:1

ПретходноКЛ: Николов и Шишко слават со Борац БЛ, Бетис со една нога во осминафинале
СледноРаниери: Ова не е фудбал! Ни испратија судија кој секогаш прави да победи само домашната екипа!