ЛЕ и ЛК: “Македонскиот“ Борац Бања Лука на мегдан со Олимпија, Чурлинов со Јагелонија на гости кај ТСЦ!

80

По настаните вчера и завчера од плеј – офот во Лигата на Шампионите, денеска е ден за плеј – оф натпреварите во Лигата на Европа и Лигата на Конференции и тоа првите.

Секако дека во преден план во Лигата на Европа е двомечот меѓу Порто и Рома, реваншот се игра во Рим следната недела.

Ова се двојките денеска на мечевите кои започнуваат од 18:45 и 21:00 часот:

May be a graphic of football, soccer and text that says 'FIXTURES PHASE PLAY- PLAY-OFFS, FIRST LEGS FERENCVÁROS 18:45 VIKTORIA PLZEŃ UNION SG 18:45 AJAX MIDT MIDTJYLLAND 18:45 REAL SOCIEDAD FENERBAHÇE 18:45 ANDERLECHT TWENTE 21:00 BODO/GLIMT AZ ALKMAAR 21:00 GALATASARAY 21:00 FCSB PORTO M 21:00 ROMA'

Во Лигата на Конференции денеска исто така се играат првите мечеви од плеј – офот. За нас поинтересно ќе биде и поради фактот дека неколку интернационалци ќе бидат дел од своите тимови.

Имено “македонскиот“ Борац Бања Лука, во чиј состав се Бобан Николов, Дамјан Шишкоски и Себастијан Херера, предводени од Младен Жижовиќ кој минатата сезона беше тренер на Шкупи, ја пречекува Олимпија.

Додека Дарко Чурлинов вечерва со својата Јагелонија гостува кај ТСЦ во Бачка Топола.

Ова се двојките за денеска во Лигата на Конференции:

Image

ПретходноАлонсо: Спортинг игра брз ракомет со многу голови! Не знам дали ќе издржиме, ама тоа ни е целта!
СледноДончиќ „продаваше финти“: Со еден потег реши тројца кошаркари (ВИДЕО)