Турски Фенербахче извојува висока и убедлива победа од 3:0 над белгиски Андерлехт во можеби најинтересниот дуел од плеј-оф колото во УЕФА Лигата на Европа ова попладне. Турците брзо го отворија резултатот со головите на Тадиќ и Џеко и дојдоа до предност од 2:0 по првите 45 минути. Во вториот дел Ен Несири со уште еден погодок ги постави конечните 3:0 кои го носат истанбулскиот состав со една нога во втората фаза од натпреварувањето.
Минимална победа дома обезбеди Ференцварош против Викторија Плзен од 1:0, додека шпански Реал Сосиедад заминува со предност од 2:1 по гостувањето во Данска кај Мидјиланд.
Ајакс на тешкиот терен во Белгија со два гола во второто полувреме дојде до посакувана победа над Унион Ст. Жилои.
УЕФА Лига Европа – 1/16 финале:
Ференцварош (Унгарија) – Викторија Плзен (Чешка) 1:0
Митјиланд (Данска) – Реал Сосиедад (Шпанија) 1:2
Унион Ст.(Белгија) – Ајакс (Холандија) 0:2
Фенербахче (Турција) – Андерлехт (Белгија) 3:0