Ракометарите на Е. Пелистер претрпеа пораз на гостувањето во Лисабон од екипата на Спортинг во меч од 11. коло на Лигата на шампионите со резултат 30:24.
Битолчани одиграа одлично прво полувреме, но на средината на вториот дел дозволија домашните да го направат клучниот исчекор кон убедливата победа. Во првиот дел домашните неколкупати имаа предност од три гола разлика, но со внимателна и пожртвувана игра, битолчани на крајот на полувремето заминаа со минимална негатива од 14:13.
Добро почна и второто полувреме во кое во првите 14 минути не дозволуваа противникот да се одлепи. До 44 минута Спортинг имаше предност од два гола, но потоа следуваа два црни периоди во кои Португалците направија голема разлика. Имено, со серија од 3:0 Спортинг до 48 минута стигна до водство од пет гола разлика, 25:20, а потоа следуваа уште шест очајни минути за шампиот шампион, во кој домашните со серија од 4:0 дојдоа и до +8, 29:21.
Тука веќе беше јасно дека поразот е неизбежен. До крајот домашните умешно ја сочуваа високата предност и ја прокнижија седмата победа.
Кузмановски постигна 6 гола, додека Хосни имаше 5 погодока во дресот на Е. Пелистер. Кај екипата на Спортинг вечерва Салвадор со 8 гола беше најефикасен.
Вечерва големо изненадување направи Висла Плок совладувајќи го ПСЖ на гости со 31:28. Со оваа победа Полјаците се израмнија со Е. Пелистер со по 6 бода на делба на 6. и 7. место на табелата.