Манчестер Јунајтед планира да отпушти уште 100-200 вработени!

94

Како што пренесуваат медиумите на Островот, коссопственикот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф планира нова “тура“ на отпуштања од клубот. Познато е дека пред извесно време гигантот од “Олд Трафорд“ им се “заблагодари“ на 250 лица кои работеа во клубот. Во блиска иднина отказ ќе добија уште 100-200 вработени.

Ова се прави со цел максимално да се намалат трошоците на Манчестер Јунајтед. Се предвидува дека со новата “тура“ отпуштања клубот ќе заштеди до 45 милиони фунти.

Ова доаѓа по најновите извештаи на финансиските експерти кои велат дека и покрај рекордните приходи, загубите на Манчестер Јунајтед изнесуваат 300 милиони фунти во последните три години.

ПретходноБесарт Ибраими: Да го дадеме најдоброто од себе и на крајот да бидеме шампиони!
Следно„Никој не смее да ви прави притисок“, им порача Масар Омерагиќ на судиите