Мекларен прв го покажа новиот болид (ФОТО)

134

Мекларен е првиот Формула 1 тим кој објави фотографии од својот нов болид за сезоната 2025 година.

Според информациите, новиот болид ќе биде под името – MCL39.

Ландо Норис и Оскар Пјастри го претставија болидот со неколку круга, а забележливо оваа година беше маскирната шара на болидот, со дел од веќе познатите бои.

Официјалната промоција на Мекларен е закажана за 18 февруари во Лондон.

 

ПретходноДокузовски: Некој сакаше ова да се случи, кошарката вака нема да оди напред
СледноКЛ: Чурлинов со Јагиелонија триумфално против ТСЦ, продолжи бајката на Викингур