Познати сите учесници во четвртфиналето на Купот на ОФМ

46

Со одигрувањето на последните натпревари од осминафиналето, познати се комплетните патници во четвртфиналната завршница на одбојкарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција. Без поголеми изненадувања, фаворитите успеаја да се пробијат до следната рунда и утре ќе ги очекуваат противниците за следното коло.

Шкендија, Универзитет во Тетово, Работнички, Скопје и Лирија се клубовите кои успешно го минаа претколото за пласман во четвртфиналето.

КУП НА ОФМ (М) – 1/8-финале

Работнички 71&22 – Сушево  3:0 (25:9, 25:22, 25:18)

Шкендија – Јанта Волеј 3:0 (25:12, 25:8, 25:10)

Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип 3:2 (25:19, 25:17, 20:25, 20:25, 15:6)

Вардар – Скопје 1:3 (15:25, 25:21, 14:25, 14:25)

Лирија – Македонија Џио 3:1 (25:18, 19:25, 25:23, 25:15)

ПретходноИграше и со Меси и со Роналдо, конечно проговори кој е најдобар на сите времиња!
СледноПеп вели дека не бил доволно добар, а допрва го чека ПЕКОЛ!