Понудата од Саудиска Арабија ги уплаши: „Кралевите“ почнале преговори за нов договор на Вини

152

Ѕвездата на Реал (М), Винисиус Жуниор побарал нов договор со Реал Мадрид. Според информациите, страните разговараат за продолжување на договорот кој во моментов е активен до 2027 година.

Според „АС“, мадридскиот клуб стапил во контакт со агентите на крилниот напаѓач за да дознаат колку тој сака да заработи од новиот договор. Бразилецот веќе ја соопштил бараната сума, па сега се чека одговор од Реал Мадрид.

Забележано е дека понудата од Саудиска Арабија го принудила мадридскиот тим да започне преговори уште сега, иако клубот не планирал да разговара на оваа тема до летото.

ПретходноЛЕ: Фенербахче го прегази Андерлехт, Сосиедад славеше во Данска
СледноПремиерлигашите не го прифатија новиот систем на финансиска одржливост