Премиерлигашите не го прифатија новиот систем на финансиска одржливост

50

Премиер лигата следната сезона нема да ги менува финансиските правила.

Правилата за профитабилност и одржливост (ПСР) требаше да бидат заменети со односот на трошоците за тимот (СЦР) ова лето, но на состанокот денес, клубовите од Премиер лигата одлучија да го задржат досегашниот принцип барем до следната сезона.

Новиот модел (СЦР) е направен по моделот на финансиските правила на УЕФА и им дозволува на клубовите да издвојуваат не повеќе од 85 отсто од своите приходи за фудбалски расходи. СЦР исто така, поставува ограничување за трошење на платите и трансферите на играчите: не повеќе од петпати повеќе од износот што најлошиот тим во лигата ќе го добие како парични награди и приходи од ТВ права.

ПретходноПонудата од Саудиска Арабија ги уплаши: „Кралевите“ почнале преговори за нов договор на Вини
СледноКуп на Македонија: МЗТ Скопје го „прегази“ Работнички и завери полуфинале!