Слот со потег што никој го нема направено во последните 132 години!

763

Дербито кое Евертон и Ливерпул го одиграа на стадионот „Гудисон“, беше посебно од неколку аспекти.

Овој натпревар требаше да се одигра уште во декември кога го спречија временските услови предизвикани од невреме, а заврши со резултат 2:2. Ливерпул сега е на врвот на табелата со +7 предност пред Арсенал, а остануваат уште 14 кола.

Дејвид Мојс уште еднаш ги предводеше „карамелите“ од клупата, а за уште повеќе да ги зачини работите се погрижи менаџерот на Ливерпул Арне Слот.

За прв пат во нивната 132-годишна историја, „црвените“ излегоа на терен на градско дерби без ниту еден Англичанец во стартниот состав. Најблиску до Англија во стартните 11 беа Конор Бредли и Енди Робертсон, кои ги зазедоа десната и левата бековска позиција и играат за Северна Ирска, односно Шкотска.

Слот испратени на теренот: Алисон (Бразил), Конате (Франција), Ван Дајк (Холандија), Гравенберх (Холандија), Мекалистер (Аргентина), Гакпа (Холандија), Шобошлај (Унгарија), Салах (Египет) и Луис Дијаз (Колумбија).

На клупата останаа четворица Англичани – Трент Александар-Арнолд, Кертис Џонс, Харви Елиот и Џарел Куанса. Во вториот дел влегоа Трент и Џонс.

ПретходноДон Флорентино е чудо, мина само неколку часови во Манчестер и веднаш договори мега – трансфер!
СледноАлександар Васоски: Не криеме, сите во Силекс ја сакаме титулата!