Шпанските медиуми: Има еден играч на Реал со кого Лука Модриќ веќе не комуницира!

848

Лука Модриќ важи за икона на Реал Мадрид, вистинска легенда. Кога е на терен Хрватот е капитен на “кралевите“. Неговиот збор и тоа како се слуѓша во соблекувалната, и поради тоа сите го почитуваат, но има еден играч кој се дрзна да го респектира Лука и затоа капитенот едноставно престанал да комуницира со него.

Секако дека не е тешко да се погоди дека станува збор за Винисиус Жуниор кој на последниот меч во “Копа дел Реј“ едноставно не сакаше да ги послуша капитенот и да се врати да помогне во одбраната.

По тоа, но и по сите оние настани во кои е вклучен Бразилецот, Модриќ истакнал дека Вини е “токсичен“ и не вреди да се комуницира со него.

Ова го пренесуваат медиумите во Шпанија, и истакнуваат дека на теренот и двајцата се однесуваат максимално коректно и професионално, ама надвор од него Лука нејќе да го види Вини.

Се напоменува и тоа дека и другите ѕвезди на Реал, како Мбапе, Белинген…кои ги “заладиле“ односите со препотентниот Винисиус.

Претходно“Бомба“ од Париз: Катарците си заминуваат од ПСЖ, виновникот е Насер Ал-Келаифи?!
СледноКуп на Македонија: Пелистер на мускули преку Чаир до полуфиналето!