Веби Ислами (18) од денеска и официјално е нов фудбалер на Струга Трим Лум. Откако беа договорени сите детали за трансферот, младиот напаѓач прво потпиша за стружани а потоа беше и промовиран од страна на Струга ТЛ.
Инаку Веби Ислами е “дете“ на Шкендија. Во редовите на тетовскиот клуб ги мина сите младински категории и сега направи трансфер во Струга Трим Лум. Јасно е дека конкуренцијата во нападот на тимот на Ќатип Османи е жестока, но секако дека се очекува Ислами да добие шанса а се очекува во блиска иднина да се наметне со оглед на својот неспорен талент.