Дончиќ „продаваше финти“: Со еден потег реши тројца кошаркари (ВИДЕО)

607
Фото: Printscreen/Twitter/BleacherReport

Словенечкиот кошаркарски гениј Лука Дончиќ не можеше многу да направи за да ги спречи неговите Лејкерси да не загубат од Јута, но на моменти го покажа својот кошаркарски „IQ“.

На почетокот на мечот ја прими топката, влезе во рекетот и со еден потег измами тројца противнички играчи. Го „исфрли’ чуварот од себе, а потоа наместо да шутне, реши да искористи дополнителен потег за практично сите да ги збуни – освен соиграчот Руи Хачимура. Тој остана во аголот и беше подготвен да ја прими топката од Дончиќ и таа додавање за три поени да ја претвори во асистенција.

Дончиќ со овој потег успеа да го внесе во ритам Хачимура, најдобриот стрелец на Лејкерси на овој натпревар со 19 поени (3/5 за три), но не успеа да се натера себеси и остатокот од тимот да одиграат доволно добро за неговите соиграчи вторпат сезонава да го победат истиот ривал. Јута ја прекина серијата на Лејкерси од шест последователни победи пред паузата за Ол Стар.

ПретходноЛЕ и ЛК: “Македонскиот“ Борац Бања Лука на мегдан со Олимпија, Чурлинов со Јагелонија на гости кај ТСЦ!
СледноФК Гостивар: Имаме само една цел, да бидеме шампиони!