КЛ: Николов и Шишко слават со Борац БЛ, Бетис со една нога во осминафинале

187

Борац Бања Лука во чии редови настапуваат нашите Бобан Николов и Дамјан Шишковски, по голема борба успеа да слави со 1:0 на домашен терен во денешниот меч од 1/16-финалето на Конференциската лига на УЕФА. Николов почна од клупата, но доби шанса во последните 25 минути на мечот, додека Шишковски остана резерва. Клучниот момент на мечот се случи во 91. минута кога Огринец погоди за голема радост на домашните навивачи. Претходно Борац пропушти шанса да поведе во 85. минута, зато ашто Деспотовиќ промаши пенал.

Германски Хајденхајм со пресврт во второто полувреме замина како победник од гостувањето кај Копенхаген со 1:2, додека екипата на Бетис го прегази Гент на гости со 3:0 и со тоа веќе со една нога зачекори кон осминафиналето.

Без победник заврши кипарското дерби меѓу Омонија и Пафос – 1:1.

УЕФА Конференциска лига – 1/16 финале: 

Борац БЛ (БиХ) – Олимпија (Словенија)  1:0
Омонија (Кипар) – Пафос (Кипар)  1:1
Гент (Белгија) – Бетис (Шпанија)  0:3
ФК Копенхаген (Данска) – Хајденхајм (Германија)  1:2

ПретходноРидигер има големи шанси да игра на реваншот со Манчестер Сити
СледноЛЕ: Галатасарај потопен во Холандија, Порто и Рома одиграа нерешено